Makedonski

ЗА ИГРАОРЦИТЕ И ПЕЈАЧИТЕ УНИКАТНИ ЧОРАПИ

Izvor: 
Liljana Lazareska Pet, 28/12/2018 - 18:54

Tekst na srpskom jeziku

Членовите на здружението „Македонски бисери“ од Пландиште зимските денови ги користат за дружење и плетење на чорапи наменети за културно-уметничкото друштво „Вук Караџиќ“ и пејачката група на здружението. Чорапите за пејачката група се веќе исплетени. Во тек е изработката на чорапи за фолклористите.

-Ќе направиме по неколку пара машки и женски чорапи од секој крај на Македонија и ќе ги претставиме на КУД. Желба ни е својот репертоар да го збогатат со кореографии од Македонија. Ако им се допадне нашиот предлог ќе направиме чорапи за сите членови на друштвото, рече Љубица Граовац, член на Здружението „Македонски бисери“.

Материјал сами купуваат од проверени производители, а боите се непроменливи при одржувањето. Мотивите се од различни краеви на Македонија и се во склад со носиите кои ги носеле некогаш нивните предци, а денеска се чуват како најголемо богатство и се облекуваат само за изведување на народни ора и кореoграфии на културно-уметнички друштва и претставување на традицијата.  

Со чорапите е направен првиот чекор, бидејќи за овој потфат се потребни помали средства отколку за купување и изработка на носии.

-Доколку се согласат во друштвото да го негуваат и македонскиот фолклор тогаш ќе се потрудиме да помогнеме и околу набавување на носиите, изјави претседателката на здружението Славка Стефановски.

И другите членки на здружението со радост и песна ги плетат чорапите потсетувајќи се на родниот крај и младоста.




Marketing



Najnovije vesti